Рускиот претседател потпиша указ за одликување на Ник Хејг, кој заедно со рускиот астронаут Алексеј Овчинин се соочи со животна опасност кога нивното летало на пат кон Меѓународната вселенска станица се распадна.
Инцидентот се случи на 11 октомври минатата година кога Овчинин и Хејг со ракетата „Союз МС-10“ тргнаа од космодромот Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица. Неколку минути по лансирањето дојде до експлозија во ракетата по што астронаутите се катапултираа враќајќи се назад неповредени. Тоа беше прв неуспешен обид на руска ракета со екипаж после неколку децении.
Во нов обид во март годинава двајцата успешно стигнаа на МВС од каде се вратија пред пет дена.

Путин двајцата ги одликува за „храброст и високо ниво на професионалност во опасни услови“. Покрај нив двајца, потпиша указ за одликување и на други луѓе вклучени во работата на руската вселенска програма.