Иако американската група „Пусикет долс“ минатиот месец настапи во емисијата „Д уан шоу“ на Би-би-си, страстите уште не стивнуваат. Имено, како што објави „Индипендент“, на нивна адреса веќе стигнале 119 тужби од гледачите, поради тоа што нивниот настап за време на изведбата на песната „React“ бил премногу вулгарен.

Освен тоа, на некои им пречеле нивните провокативни костими, додека другите нивната кореографија ја споредиле со еротско шоу. „Што е следното, порнографија?“, прашале некои од гледачите.

Би-би-си поради овие обвинувања објави соопштение во кое, меѓу другото, пишува дека овој настап бил коректен и соодветен за телевизиско емитување.

– „Пусикет долс“ се познати по својот специфичен танц и облека, а освен тоа, на самиот почеток на емисијата беше најавено нивното гостување. Настапија пред самиот крај на програмата, нешто пред 20 часот. Секогаш пред нивното
гостување се договараме со изведувачите за она што ќе го прикажат – пишува во соопштението на Би-би-си.