Вториот ден од „Бич филм-фестивал” беше разновиден. За сечиј вкус по нешто. Додека на плажата Оревче една публиката го гледаше турскиот филм „Wish to wash with the rain”, истовремено на бродот „Галеб” публиката уживаше во филмот „Holiday”, кој воедно беше прва проекција на брод во Охрид.

Тргнувајќи од градското пристаниште и пловејќи по Охридското Езеро, дури ни свежата охридска ноќ не спречи да се згреат срцата на гостите кои не сакаа да пропуштат ниту еден детал од проекцијата.

Oткако пристигнаа на плажата „Оревче”, вљубениците во европскиот филм, заедно го
изгледаа „Digging” на Ивица Димитријевиќ, а потоа се редеа прашања поврзани со овој проект, како и за следните негови професионални планови.

И веќе беше време за музика. Бендот “ Палиндром” ги размрда гостите со рок-музика, а Клара со својот диџеј-сет ги забавуваше до раните утрински часови.