Уметничката слика од мистериозниот графити уметник Бенкси „Птица со граната“ беше продадена на аукција за 170.000 евра. Според аукциската куќа „Хесинк“ од Зволе во Холандија. Делото создадено во 2002 година, минатата недела го купил холандски колекционер.

Делото насликано со спреј, претходно било дел од приватната колекција на Џејми Вуд, син на Рони Вуд, гитаристот на „Ролинг стоунс“.

Во октомври, „Покажи ми го Моне“ на Банкси се продаде на аукција за 9,8 милиони долари, а неговата слика на која шимпанза се прикажани како пратеници во британскиот парламент лани достигна рекордна цена од 13,2 милиони долари.

Зголемениот број на богати следбеници и колекционери на овој уметник, како и мистериозноста околу неговиот идентитет, ги прави неговите дела да бидат неверојатно барани. Со губење на вербата во комплексните инвестициони фондови, се чини дека, како што еднаш коментираше Демиен Стивен Хирст, „луѓето повеќе сакаат да ги ставаат своите пари во пеперутки отколку во банки“.

Дејмиен Херст е англиски уметник, претприемач и колекционер на уметности. Тој е еден од уметниците што доминирале на уметничката сцена во Велика Британија во текот на 90-тите години на минатиот век и е еден од најбогатите уметници во Обединетото Кралство.