Психологот и стручњак за храна Грег Такер вели дека сладоледот е смирувачка намирница, која многумина ја поврзуваат со радосните спомени од детството. Поради тоа, тој смета дека омилениот вкус на сладоледот крие многу одговори за вас.

– Сладоледот ни користи емоционално, како што на бебето млекото му е од голема полза, бидејќи го смирува – вели Такер, кој сладоледот го нарекува и „храна на среќата“.

Грег смета дека јадењето сладолед нѐ воведува во поопуштен и посмирен миг на вистинско уживање и наградување, а вкусот што го претпочитаме открива какви сме како личности.

Ванила: идеализам, искреност, невиност.
Чоколада: сензуалност, заводливост, склоност кон флерт и драматизирање.
Јагода: привлечност, наивност, невиност.
Мента: хедонизам, верност, опуштеност.
Рум: неконформизам, бунтовност, безгрижност.
Ф’стаци: софистицираност, упорност и добар стил.
Лешник: сигурност, природност и реалност.