Прстен што потсетува на расцветан цвет, чиј автор е Харшит Бансал, основачот на компанијата „Ренани џуелс“ од Меерут, Индија, постави нов гинисов рекорд, пренесува Си-ен-ен.

Прстенот наречен „Мариголд“ или „Прстен на просперитет“ содржи 12.638 илјади природни дијаманти од 38 карати. Неговата тежина изнесува околу 165 грама. Бансал вели дека нема намера да го продава прстенот во блиска иднина.

– За нас, тој е прашање на гордост. Прстенот нема цена – изјавил Бансал.

Претходниот рекорд го држеше прстен со 7.801 дијамант, изработен од компанија „Халмарк џуелерс“ во Хајдерабад, Индија.