Телескопот „Хабл“ неодамна сними ефект на гравитациска леќа кој претставува совршен пример за „Ајнштајновиот прстен“. Официјалниот назив на оваа појава е ГАЛ-ЦЛУС-022058с, но попознат е како „стопен прстен“. На снимката се гледа јужното соѕвездие во кое светлината од многу далечна галаксија се свиткува околу многу поблиска група галаксии, пишуваат светските медиуми.

Една од предностите на гравитациската леќа е тоа што овој феномен им овозможува на научниците подобро да ги проучат оддалечените галаксии, кои инаку за нас би биле невидливи.

Тие со својата гравитација, поблиску до масивните галаксии, го искривуваат временско-просторното изразување и така го свиткуваат патот на светлината, слично како што тоа го прават леќите. На тој начин делуваат како природни космички телескопи.

Во својата општа теорија за релативноста Ајнштајн претпостави постоење на вакви гравитациски леќи. Ваквите објекти се идеални за проучување на галаксиите бидејќи се многу оддалечени за да може да се видат без овој ефект.