Предмет што може да биде поврзан со распетието на Исус Христос неодамна беше откриен од археолозите во манастирот „Милев“ во Чешка, пренесува Чешката новинска агенција. Според чешките медиуми, артефактот, односно „парче од клинец во должина од шест сантиметри“, бил пронајден во празнина во сводот на манастирот и сместен во кутија направена од дабово дрво, направена во 4 или 5 век.
Капакот на кутијата бил направен од цврста златна плоча, со кован натпис ИР, а Јиржи Синделар, археолог што учествувал во откритието, забележува дека овие букви се веројатно „кратенка за латинскиот – Исус Рекс, односно Исус Кралот“.
Поради богатството и угледот на манастирот „Милев“ во минатото, научниците сметаат дека е реално тврдењето дека во него се чувал клинецот од крстот на кој бил распнат Исус.
За време на Хуситските војни манастирот бил ограбен, а Синделар сугерира дека уништувањето на архивите на манастирот за време на грабежите може да објасни зошто досега немало информации дека реликвијата се чува таму.