Три илјади години стар меч, кој датира од бронзената доба, беше пронајден во Чешка, што се смета за големо откритие. Археолозите вршеле ископувања во област во регионот Рихнов, над Кнежна, во североисточна Бохемија, кога случајно го откриле мечот. Мечот имал декоративна резба и многу остро сечило, а бил пронајден покрај неколку навртки што се користеле за прицврстување на рачката од мечот за сечилото. Исто така било пронајдено и бронзено сечило за копје од истиот период.

Иако регионот е познат по артефактите од бронзениот период, сепак сè уште е реткост да се пронајде меч. Мартина Бекова од музејот во Рихнов порача дека „бронзениот меч со рачката датира од околу 1200 г. пр. н.е. и бил дел од лужичката култура“.

Во источна Бохемија се пронајдени многу откритија од оваа култура. Бекова додаде дека само пет предисториски меча биле откриени во Чешка во изминатите десет години. Таа не сакаше да ја открие точната локација на ископините поради заштита на локалитетот. Таа само откри дека артефактот потекнува од јужниот дел на регионот Рихнов.

Експертите веруваат дека мечот бил закопан како дел од верски ритуал. Беркова објасни дека најверојатно се работи за посебно посветен подарок за непознато божество.