Пирамиди, замоци и палати претставувале симболи на моќ и статус за многу цивилизации, додека за Викинзите тоа било голем брод.

Норвешките археолози се надеваат дека до крај на месецот ќе го завршат ископувањето на овој закопан брод во Гилестад, древно археолошко наоѓалиште југоисточно од Осло, пренесува Би-би-си.

Поголемиот дел од бродот е изгниен низ вековите, но археологот Кнут Паш верува дека распоредот на железните клинови, сепак, ќе овозможи изработка на реплика.

Радарот кој бил користен од археолозите открил дека бродот е долг околу 19 метри и широк пет метри, што го става на исто ниво со добро сочуваните викиншки бродови „Осеберг“ и „Гокстад“, кои се изложени во Осло. Овие бродови се најдоа на западната страна на широк фјорд во Осло.

Во 9 век Викинзите започнале да користат едра, но сепак им биле потребни силни веслачи за долги океански експедиции.

Тие оделе со долги бродови на Британските острови, прво напаѓајќи ги заедниците долж крајбрежјето, а потоа се населиле и оставиле како наследство нивната изработка на бродови како и нордиски зборови и имиња.

Нордиските Викинзи исто така го посетиле Исланд, а некои подоцна се населија во Гренланд и Винленд во Северна Америка, кои подоцна станало Њуфаундленд.

Воениот брод пронајден во Гjелестад датира од периодот пред христијанскиот период на Викинзите од 750-850 години на новата ера, рекол за Би-би-си археологот Кнут Паш од Норвешкиот институт за истражување на културното наследство.

– Сè уште не знаеме дали ова бил брод со веслање или едрење. Бродовите како „Гокстад“ и „Туне“ биле комбинирани за веслање и едрење. Студирањето на кобилицата на бродот ќе биде клучно. Кобилицата е многу поразличен од другите, што е навистина возбудливо. Тешко е да се користи едро на брегот, ветерот постојано се менува, така што често било неоходно да се користат весла. Но, на пример, ако сакате да се преселите од Берген во Шетланд, подобро беше да се почека вистинскиот ветер – рече норвешкиот археолог.

„Џел Маунд“ и „Гилестад“ се древни гробишта на Викинзите со 20 гробници, кои датираат од римското железно време (1-400 п.н.е.).

Таа древна гробница, втора по големина во Норвешка, е оддалечена 100 метри од местото каде што е пронајден бродот, што всушност било гроб веројатно за некој викингшки благородник.

Кристијан Родсруд, водачот на тимот за ископувања, вели дека „Џел Маунд го означува местото за античкиот начин на погребувања со кремирање на телото, но скоро ништо значајно не е пронајдено. Можеби местото било ограбено“.

Тука има и остатоци од долги сали, веројатно користени за церемонии и гозби, кои што траеле со денови. Тоа било време на борби за моќ помеѓу поглаварите на Викинзите.

Родсруд за Би-би-си изјавил дека погребот на бродот можел да биде наменет за крал, кралица или гроф. Џарлс биле воини- благородници, еквивалент на англосаксонска титула гроф.

За разлика од овој голем брод, Викинзите имале многу помали бродови за погребувања.

Тимот во гробницата на бродот досега пронашол коски на големо животно, веројатно од коњ или од бик, но не и човечки коски.