Историчарите веруваат дека местото каде што познатиот драмски писател Вилијам Шекспир ја напишал познатата трагедија „Ромео и Јулија“ конечно е пронајдено, пренесува Си-ен-ен.

Театарскиот историчар Џерфи Марш потрошил една деценија барајќи го домот во кој англискиот драматург и поет Шекспир живеел и творел, пред завршувањето на шеснаесетиот век.

Марш ја почнал потрагата откако беше откриен „Театарот“, елизабетанската театарска куќа во Шордич, источен Лондон, во 2008 година. Историчарот се прашувал каде Шекспир живеел за време на изведбите на неговите драми.

Претходно било утврдено дека Шекспир живеел во центарот на Лондон, во близина на железничка станица, тогаш позната како парохијата на Света Елена. Неговото име се појавува во документите за плаќање данок од 1597 и 1598 година, но точната локација никогаш не била утврдена.

Даночниот извештај од Св. Елена кој датира од 1597 година. Името на Вилијам Шекспир се наоѓа на дното на извештајот.

Според изветајот на Марш, доказите посочуваат дека Шекспир престојувал во предградие населено воглавно од занаетчии што се занимавале со обработка на кожи, а имал поглед на црквата Света Елена.

– Местото во Лондон каде што живеел Шекспир ни нуди подлабоко разбирање за инспирацијата и неговата работа. За време на неколку години тој се преселувал и живеел во една од најбогатите парохии во Лондон, опкружен со моќни јавни личности, богати трговци, доктори и музичари – вели Марш, директор на Одделот за театар и изведба во музејот на Викторија и Алберт.

Историчарот Џефри Марш пребарувал архиви кои датираат допедесетите години на шеснаесетиот век

Историчарот додава дека живеењето во место како Лондон „би го подобрило статусот на Шекспир додека ја развивал својата кариера, барал семеен грб и планирал да купи богата и скапа куќа во Стратфорд.“