Пронајдена е и вратена е изгубената песна отсечена од оригиналниот филм „Божиќната песна на мапетите“, откри режисерот Брајан Хенсон. Тој за Би-би-си радио 2 изјави дека е возбуден и среќен што песната „When Love Is Gone“ повторно може да се слушне во претстојните верзии на неговиот филм.
Во филмската адаптација на познатата приказна на Чарлс Дикенс (1992), баладата му ја пее на еден Скруџ неговата свршеница Бел. Оваа балада беше отстранета бидејќи во „Дизни“ сметале дека нема да им се допадне на младите гледачи. Во процесот на сечење на песната за киноизданието, тие го загубиле видеомастерот и не можеле да го пронајдат ниту негативот, претходно објасни Хенсон во едно интервју во 2018 година.
Љубовната песна остана во ВХС-копии на филмот, но кога беа измислени деведеата, беше достапен само кинематографскиот мастер. Но пред две недели Хенсон добил повик во кој му рекле дека филмот е ремастериран во 4К и го замолиле да ја провери новата верзија.