На Нетфликс пристигна филмот „Проект сила“, приказна за нова форма на дрога што ги претвора луѓето во суперхерои. „Проект сила“, во кој глумат Џејми Фокс и Џозеф Гордон-Левит, во моментов бележи висок рејтинг на американскиот стриминг-сервис.
Малата жолта капсула кај оние што ја консумираат ја менува нивната ДНК и ги прави своите редовни корисници да развијат неверојатни натприродни способности, што вклучува и промена на нивната свест. Меѓутоа, како и секоја дрога, по еуфоријата носи соочување со реалноста и уништување на телото. Зависникот развива можност да исфрла оган, но прекумерното користење на супердрогата го доведува до неизбежно самоуништување.

Арт (Џејми Фокс) и Френк (Џозеф Гордон Левит) ги здружуваат силите за да се борат со опасните мали жолти капсули што се појавуваат на улиците на Њу Орлеанс. Новата дрога не е регулирана со никаков закон, смртните последици не се елиминирани, а стапката на криминал расте побрзо, па, така, во тој неред се наоѓаат полицаец, дилер на дрога и поранешен војник.
Филмот ги исмева експлоатацијата на сиромашните луѓе од страна на богатите, неуспешниот образовен систем и честопати лицемерната улога на полицијата во спречувањето на криминалот. Режисери на филмот се Хенри Joуст и Еал Шулман, за што добија голем број пофалби и позитивни критики, претежно фалејќи ги перформансите на главните актери и начинот на кој биле реализирани акциските сцени.