Мистериозниот хорор „Среќен ден на смртта“ од 2017 година, кој доби одлични критики, има свое продолжение, чиј трејлер неодамна беше објавен. Што ќе се случува во новото остварување на режисерот и сценарист Кристофер Лендон, не е многу познато. Во првиот дел на филмот, да потсетиме, една студентка, повторно го преживува денот на својата смрт, со сите неочекувани детали и со ужасниот крај, додека не го открие идентитетот на својот убиец.

Во „Среќен ден на смртта 2“ ќе ги гледаме Џесика Рот, Израел Брусард, Пи Ву, Сурај Сарма, Сара Јаркин, Роби Модин и други.

Овој хорор премиерно ќе биде прикажан на 14 февруари во САД, а неколку дена подоцна тргнува во светска кинодистрибуција.