Израелски научници тврдат

Група израелски научници тврдат дека пробиотиците, храната што содржи добри бактерии, се скоро бескорисни. Нивното истражување е една од најдеталните анализи за тоа што се случува во нашето тело кога консумираме пробиотици, пренесува „Би-би-си“. Пробиотиците се сметаат за здрави и добри за цревната флора. Меѓутоа, резултатите покажале дека тие, всушност, имаат малку или никакво влијание врз организмот.

Тим од научниот институт „Вајзман“ направи сопствен котел од пробиотици, користејќи 11 вида бактерии, кои се идентификувани како добри бактерии, вклучувајќи и лактобацилус и бифидобактерии. Пробиотикот го пиеле 25 здрави доброволци во текот на еден месец. Потоа ги успивале и од нив хируршки биле земени примероци од повеќе места, од абдоминалната празнина до тенкото и дебелото црево. Истражувачите се обиделе да ги идентификуваат местата каде што бактериите успешно се колонизираат и да откријат дали тие доведуваат до какви било промени во активноста на цревата.

Резултатите, опишани во списанието „Сел“, покажале дека во половина од случаите добрите бактерии влегле низ усната празнина, но исто така и директно излегле „од другата страна“. Во преостанатите случаи тие кратко време се задржале во дигестивниот систем пред да бидат „прегазени“ од нашите сопствени микроби.
– Да се купат пробиотици, кои не се приспособени на потребите на примателот е мошне бескорисно – вели докторот Еран Елинав во изјава за „Би-би-си“.