Остеопорозата главно влијае на постарите лица, но влошувањето на здравјето на коските може да почне уште на 40-годишна возраст. Научници открија дека пробиотиците може да бидат безбедна и ефикасна алатка што ќе помогне во борбата против оваа болест, пишува „Медикал њуз тудеј“. Една неодамнешна студија објавена во списанието „Имјунити“ ја тестираше способноста на пробиотиците да влијаат на регенерацијата на коските.

Научниците извршиле истражување на женски лабораториски глувци. Имено, тие им давале орален додаток „лактобацилус рамносус“ во период од четири недели. Тие објаснуваат дека дејствувањето на пробиотиците е непознато, така што нивната употреба се смета за алтернативен, езотеричен и нетестиран третман.
Меѓутоа, истражувањето покажало дека пробиотиците може позитивно да влијаат врз структурата на коските. Експертите исто така сметаат дека бројот на бактерии содржани во пробиотиците може да биде исто толку ефикасен за коските како и пробиотикот за неговата примарна цел, но потребни се повеќе истражувања за да се потврдат овие тврдења.

Главната работа што треба да се има предвид кога станува збор за оваа студија е дека таа била спроведена на глувци, а не на луѓе. Авторите велат дека има голема потреба да се продолжи со истражувањето и тие би сакале да донесат точни податоци за тоа дали пробиотиците можат директно да влијаат на подобрување на здравјето на коските.