Групата „Дупер“ деновиве ја објави својата нова, четврта песна, со наслов „Пробај да ми бидеш“, за која музиката, текстот и аранжманот ги потпишуваат: Борис Какуринов, Мартина Баракоска и Илчо Нечовски, а снимањето беше под будното око на Ангел Ќосев во студиото „Подрумот“. Видеото, пак, го изработи Томи Акимовски. По веста за раскинувањето на договорот со продукцијата „Авалон“, која молскавично се рашири на социјалните мрежи, таа беше потврдена и од членовите на бендот. Во објавата на Фејсбук, Борис и Илчо пишуваат дека нема веќе да соработуваат со Мартина Баракоска, „поради ненадминливи разлики“.

„Дупер“ последнава година стекна голема популарност на домашната сцена, пред сѐ со првенчето „Не сум твој тип“, по што ги снимија и „Тело за на ТВ“ и „Ние сме 2“, а добија и „златна буба мара на популарноста“ за најдобри дебитанти.