Актерите од „Пријатели“ повторно ќе се обединат во една специјална епизода, 15 години откако заврши емитувањето на популарната серија, објави HBO.
Потврдено е дека ќе се појават сите актери – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Ле Бланк, Метју Пери и Дејвид Швимер. Снимањето ќе почне наскоро, но сè уште не е објавен датумот на емитување на епизодата.
Актерите на социјалните мрежи споделија иста фотографија, за која напишаа „Се случува“.

„Пријатели“ се емитуваше од 1994 до 2004 година. Последната епизода ја гледале 52,5 милиони гледачи во САД и е најгледана епизода на серија во 2000-тите.
Серијата сега привлече помлада публика, бидејќи се емитува на „Нетфликс“.
„Варајети“ објави дека секој од актерите ќе заработи по 2,5 милиони евра од снимањето на специјалната епизода, која најверојатно ќе трае еден час.