Филмот „Работилница“ на Лорен Кантет пристигнува на редовниот репертоар во кината. Приказната се одвива во Ла Циотат, град на југот на Франција. Антоан учествува во работилница, каде што неколку млади и надежни писатели се одбрани да напишат крими-трилер со помош на Оливија, која е успешна авторка. За задача имаат да ја истражат индустриската историја на местото, која носи носталгија – за што Антоан воопшто не е заинтересиран. Тој е повеќе загрижен за модерниот свет, па набрзо влегува во конфликт со остатокот од групата и со Оливија, која упорно се обидува да ја скроти неговата агресивна природа.

Режисерот Кантет и косценаристот Роберт Кампиљо, кој минатата година го одушеви Кан со филмот „120 удари во минута“, ја почнуваат приказната како документарна сторија за малото медитеранско место и убиствата што се случуваат таму за време на индустрискиот развој, за втората половина на филмот да прерасне во мрачен трилер во кој ликовите се борат со своите убедувања, социјален статус и потекло.
Филмот се прикажува на редовниот репертоар на кината од вчера.