Британскиот принц Чарлс ги повика своите сонародници, а особено оние кои останале без работа, да се„изборат за Британија, така што ќе им помогнат на земјоделците во бербата на овошје и зеленчук, за време на пандемијата на коронавирус, затоа што е од витално значење за земјата, објавува „Експрес“.

Во пораката што е дел од кампањата „Бери за Англија“ Чарлс преку видео на социјалните мрежи, ја спореди потребата за работа во земјоделството со важноста на копнената армија во Втората светска војна и движењето на жените кои помогнаа во производство на храна.

– Ако оваа година ги береме британските овошје и зеленчук, потребна ни е помош од армија луѓе – изјави принцот Чарлс и додаде дека е од голема важност во екот на пандемијата да се даде важен придонес во целокупниот национален напор за да се победи пандемијата истакнувајќи „дека е свесен оти работата ќе биде непривлечна, а понекогаш и тешка“.

Иницијативата на британската владата е одговор на загриженоста на производителите дека ќе има потреба од сезонски работници кои доаѓаат од Источна Европа, а кои сега не можат да дојдат како резултат на ограничувањата за патувања поврзани со коронавирусот.