Меган Маркл и принцот Хари сè уште добиваат повеќе од два и пол милиони евра годишно од принцот од Велс, пишува „Експрес“ повикувајќи се на тврдењата на експерт за кралското семејство.

Чарлс Реј, екстерт и коментатор за кралското семејство во изјава за радио-емисијата на Мајк Грејам кажал дека Велика Британија сè уште плаќа за безбедноста на Меган Маркл и принцот Хари.

Реј  дообјаснил дека принцот Чарлс се согласил да им даде на војводата и војвотката од Сасекс повеќе од два и пол милиони евра за да им помогне околу трошоците за нивната безбедност и покрај тоа што парот одлучи да се пресели во САД.