Војводата од Сасекс утрово пристигна во Канада, каде се подготвува да започне нов живот далеку од кралските обврски.

Тој слета во Ванкувер каде го чекаат сопругата Меган и нивниот осум месечен син Арчи. Тој имаше средба со кралицата Елизабета и високи членови од кралското семејство, на која беше договорено тој и Меган да го напуштат кралското семејство и да започнат нов живот без кралските обврски и финансиска независност.

Тие официјално на пролет веќе нема да бидат кралски членови. Нема повеќе да ги користат нивните титули, ниту ќе имаат кралски обврски, како и воени служби. Тие нема да ја претставуваат кралицата.

Принцот Хари во неделата соопшти дека одлуката не била лесна, но дека немале избор.