Принцот Хари борејќи се за да се позиционира во САД, каде што може да се чувствува „како риба на суво“, тврди Данкан Ларкомб, кралскиот експерт, пренесува „Експрес“.

Според Ларкомб, членовите на холивудската елита можат да го сметаат Хари за „придружник“ на Меган. Во интервјуто за списанието „Клоусер“, Ларкомб тврди дека Хари може да се чувствува „беспомошен“ во моментот кога не е во состојба да му помогне на своето семејство, особено откако принцот Чарлс се опорави од коронавирусот, бидејќи се прилагодуваше на животот во Калифорнија.

Се верува дека Хари посакува да се врати во Велика Британија за да помогне за подобрување на расположението среде пандемијата на коронавирус.

– Хари не бил на универзитет и тој нема многу работно искуство освен во војска и во добротворна работа. Да се биде во Холивуд, најверојатно, ќе го натера да се чувствува како риба на суво, затоа што ќе му биде тешко да најде соодветна улога. Сметам дека ќе му недостасува да биде дома повеќе од кога и да е. Тој ќе се чувствува малку беспомошен, како да не е во свој елемент, следејќи ги напорите што ги прават другите членови на британското кралско семејство за да го подигнат моралот среде пандемијата на коронавирусот – смета Ларкомб.

Сето ова се случува кога Меган и Хари се преселија во Лос Анџелес, откако Канада започна со карантин поради ширењето на пандемијата на коронавирус.

Транзицијата кон Америка воопшто не беше обична преселба, бидејќи се откри дека внукот на кралицата нема да може да работи во САД без зелен картон.

Поранешниот војвода од Сасекс може да добие редовна Б1 или Б2 виза по неговото преселување во Холивуд на почетокот од месецов.

Дури иако потенцијално Хари бил на дипломатска виза А1, тоа не му е доволно за да работи, освен во владино или во дипломатско својство.