Доколку сакате да се ослободите од лошата навика на одложување, постојат неколку ментални трикови што функционираат и кои ќе ви помогнат да се ослободите од проблемите што ве мачат во животот. Сите сме се нашле во ситуација да ги одложуваме работите, дури и најзначајните. Понекогаш немаме храброст да сториме нешто или можеби сме мрзливи или немаме мотивација. За да не премине одложувањето во лоша навика, треба да се реагира навреме.
Тимоти Пајчил, професор по психологија на универзитетот „Карлтон“, за списанието „Фаст компани“ вели дека одложувањето е проблем што спаѓа во сферата на емоциите, а не како што повеќето мислат во сферата на управувањето со времето.
– Одолжувањето е доброволно одложување на планираната акција и покрај тоа што сме свесни дека таквото однесување може да ни наштети – објаснува Пајчил во својата книга „Решавање на загатката на одложувањето“.

Одолжувањето, односно одложувањето, по дефиниција е ирационално однесување затоа што е во спротивност со нашата идеја за она што нè прави задоволни.
Студијата објавена на порталот „Сајенс дајрект“ покажа дека негативните емоции, како што се разни фрустрации, здодевноста, анксиозноста и сомневањето во себе можат да бидат предизвикувачи на одложувањето. Од друга страна, позитивните чувства, односно оние работи што нè прават среќни, ќе помогнат да се скрши бесконечната низа на одложување и да се реши она што е потребно. Според споменатото истражување, чувството на среќа и задоволство ја зголемуваат продуктивноста за 12 проценти. Ако сакате да се ослободите од лошата навика на одложување, пробајте ги следните психолошки „алатки“.
Промена на мислата

Со промена на негативниот став во позитивен, провоцираме верижна реакција од која ќе имаме повеќе придобивки. Кога ќе се појави мислата: „Не сакам да го сторам тоа денес, ќе го оставам за утре“, кажете си на себе: „Има толку многу одлични можности за мене. Кога ќе ја завршам оваа задача, ќе бидам еден чекор поблиску до нивно остварување“. Усвојувајќи ја оваа ментална навика ги менуваме мислите од негативни во позитивни и се мотивираме.

Список на завршени задачи

Потсетете се колку добро се чувствувате откако сте направиле нешто и сте го тргнале од списокот на ваши зададени цели. Запишете ги работите што сте ги завршиле. Ова ќе ве мотивира да ги направите преостанатите што е можно поскоро. Размислете за вашите цели и за успехот што ве чека.

Благодарност

Благодарноста е патот до среќата. Секој ден, по можност пред спиење, одвојте неколку минути да размислите за што сте благодарни. Сè се брои – од насмевка на еден случаен минувач до покачување на платата. Благодарноста нè прави да се чувствуваме среќни и задоволни, а овие две емоции ни помагаат да се ослободиме од лошата навика на одложување.

Почнете да зборувате поинаку за себе

За да го промените начинот на кој се справувате со нештата, треба да ги промените начините на кои се доживувате, а првиот чекор за да го постигнете тоа е да започнете да зборувате поинаку за себе. Заборавете на фразите како, „би требало“. Разговарајте помалку и дејствувајте повеќе. Зборувајте за она што сте го направиле, а не за она што го планирате. А кога веќе зборувате за вашите планови, разговарајте на начин дека сакате да направите да се случат, бидејќи тоа за вас е задоволство, а не неопходност.