Долгометражниот филм на „Варнер Брос пикчрс“ и „Ди-си“, „Лига на правдата на Зек Снајдер“, ќе има премиера на 18 март, на Ејч-би-о макс и ќе стане достапен на Ејч-би-о гоу. Освен најавата за премиерата, беа претставени и три нови постери за филмот. Премиерата на филмот ќе биде поддржана на сите платформи на „Ворнер медиа“ и „Ди-си“, вклучувајќи и објавување на музиката од филмот во соработка со издавачката куќа „Вотер таур мјузик“.
Во „Лига на правдата на Зек Снајдер“, Брус Вејн (Бен Афлек) се здружува со Дајана Принс (Гал Гадот), решен да осигури дека жртвата што ја направи Супермен (Хенри Кавил) нема да биде залудна.
Нивниот план е да соберат тим на металуѓе за да ја заштитат планетата од напад што би имал катастрофални размери. Но излегува дека тоа е многу потешко отколку што Брус претпоставувал, затоа што секој член мора да се соочи со демоните од своето минато за да го надминат тоа што ги кочи и конечно да направат неверојатна лига на херои. Кога Бетмен (Афлек), Вондер Вуман (Гадот), Аквамен (Џејсон Момоа), Киборг (Реј Фишер) и Флеш (Езра Милер) ќе се здружат, можеби ќе биде доцна да се спаси планетата од Степенвулф, Де Сад и Дарксајд и нивните ужасни намери.
Сценариото за „Лига на правдата на Зек Снајдер“ го напишал Крис Терио, кој заедно со Зек Снајдер и Вил Бил ја потпишува приказната базирана на ликови на „Ди-си“ и Супермен, кој го креираа Џери Сигел и Џо Шустер. Продуценти на филмот се Чарлс Ровен и Дебора Снајдер, а извршни продуценти се Кристофер Нолан, Ема Томас, Весли Колер, Џим Роу, Кертис Канемото, Крис Терио и Бен Афлек.