Прекумерното размислување троши премногу време, а со тоа стануваме неактивни и си создаваме непотребни грижи. Не само што не одиме напред туку и се движиме наназад.
– Многу е важно во животот да се има време за сè, време за дејствување, време за размислување и време за напредување – вели Скот Маутц, автор на мотивациски книги и говорник за „Инк.ком“.
Маутц предлага ментални трикови што можат да ви помогнат да го запрете претераното размислување.

1. Размислувањето и решавањето на проблемите не е иста работа
Постојаното доживување и повторување сценарија во главата, често го прикрива решението. Се чувствувате како да правите нешто корисно, но само се вртите во круг. Препознајте кога за нешто премногу размислувате, немојте да се однесувате како проблемот да е решен и како веќе да продолжувате понатаму.

2. Заменете го „што ако“ со „ќе видиме“
Луѓето постојано се прашуваат „што ако“, а на тоа прашање е невозможно да се одговори. Ако се фатите себеси дека се прашувате „што ако“, веднаш претворете го во „ќе видиме“. Што значи дека преминувате од анализа на минатото кон прифаќање.

3. Излезете надвор
Тоа значи да престанете да трошите толку време заробени во својата глава. Излезете надвор и поврзете се со она што се случува околу вас за да можете да уживате. Може да биде темно во вашата глава.

4. Престанете да ги означувате работите како „катастрофални“
Престанете ситните детали да ги претворате во заклучоци. Престанете да правите голема работа од малите нешта.

5. Почнете да размислувате кога ќе дојдат нови информации
Создавањето прекумерни мисли доаѓа кога ќе донесеме одлука и одбиваме да ја затвориме таа врата. Ако влезат нови информации, повторно можете да почнете да размислувате и да направите подетална анализа.