Во Националната опера и балет, на 22 декември, со почеток во 19.30 часот, првпат пред македонската јавност, „Љубојна“ ќе одржи акустичен концерт.

Ова е вистинска можност за нивните многубројни обожаватели, во една уникатна атмосфера да ги слушнат сите големи хитови на групата.

Во моментов во медиумскиот етер е актуелен спотот за нивниот последен сингл „Севдо ле“.

– Овој настан ќе биде уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање, бидејќи акустичното е за душа и за мерак. Затоа што кога срцето ти пее и здивот е музика – велат Вера и Оливер Јосифовски.

Влезниците од вчера се во продажба по цена од 700 и 900 денари.