Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе ја продуцираат својата прва серија за „Нетфликс“, која ќе се фокусира на спортисти што се натпреваруваат на игрите „Инвиктус“, натпревар за повредени ветерани што треба да се одржи во Хаг, во 2022 година.
Хари ќе се појави пред камера во документарната серија насловена „Срцето на Инвиктус“ и ќе биде извршен продуцент преку неговата „Арчивел продукции“, соопштија претставници на „Нетфликс инк“.
Серијата ќе содржи приказни зад сцената на спортисти и организатори додека се подготвуваат за настанот, кој беше одложен до следната пролет поради пандемијата на ковид-19.
„Инвиктус гејмс“ е меѓународен спортски натпревар за воен персонал ранет во акција. Натпреварот беше создаден во 2017 година од принцот Хари, кој служеше како војник во Авганистан.