Групата „Фанк шуи“ на 29 март во Денсинг-салата во Младинскиот културен центар во Скопје ќе го одржи својот прв соло-концерт.

– Изминатата година им беше доста плодна и активна, со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија, од кои излегоа хитовите „Виулица/Сомнежи?“, „Крик“, „Стаклени нозе“, „Деца“. А ако се земат предвид нивните фуриозни настапи, веруваме дека салата во МКЦ ќе биде исполнета до последното место – велат од продукцијата „Авалон“.

Билетите за концертот се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по цена од 300 денари, а на денот на концертот ќе чинат 400 денари.