Јапонскиот милијардер и тајкун од областа на интернет продажбата, Јусаку Маезава (42) ќе биде првиот што како турист ќе ја посети Месечината.

Тој со себе има намера да понесе и уметници од повеќе области, за сето тоа да биде еден голем уметнички проект, соопштија вчера заедно со претставници на Спејс-Икс.

– Конечно можам да кажам дека ќе одам на Месечината и одбрав да одам со артисти – изјави Маезава на официјалната објава на одлуката на компанијата.

Според „Форбс“, Јапонецот располага со речиси 2,9 милијарди долари. Тој исто така е и колекционер на уметнички дела, за што е подготвен да потроши и стотици милиони долари. Тој се надева дека нема да биде сам на патувањето, оти има „уште слободни места“.

Летот ќе се реализира најрано во 2023 година.