Британската Федералната управа за авијација (ФАА) му одобри на хибридното возило или летачкиот автомобил во сопственост на кинеската компанија „Терафуџија транзишн“ да се движи со брзина од 100 километри на час и на височина од 3.048 метри, објавуваат британските медиуми.

„Терафуџија Транзишн“од агенцијата доби специјален сертификат за летање на лесен-спортски авион, давајќи му зелено светло за полетување.

Оваа верзија сега е достапна за пилотите и школите за летови, но потребно е уште една година за да ги исполни стандардите за безбедност на патиштата. Според тоа, во план е летачкиот автомобил да почне со редовни летови од 2022 година.

Со ова хибридно возило-летало пилотите лесно ќе можат да преминат од летање во возење на пат за помалку од една минута, со полетување и слетување на мали аеродроми или автопат.

„Терафуџија транзишн“ се надева дека ќе ги има одобрени и во производство верзијата со две седишта за 2022 година, но на оние кои се заинтересирани да го користат возилото за летање ќе им требаат возачка дозвола и сертификат за спортски пилот.