Првата трансплантација на човечка глава би можеле да се случи во текот на следната деценија. Досега неколку научници се обиделе да направат трансплантација на глава, меѓутоа нивните методи го оштетуваа ’рбетниот мозок. Еден од поозлогласените научници од ова поле, Серџио Канаверо, во 2017 година тврдеше дека извршил успешна трансплантација на човечка глава, врз основа на метод што го прекинува ’рбетниот мозок во основата на вратот.

Истражувачите истакнуваат дека во овој момент, може да се поврзат еден или два нерва, но со помош на роботика и вештачка интелигенција наскоро ќе може да се поврзат 200 нерви. Тие, исто така, забележуваат дека е многу тешко да се изведе оваа трансплантација и дека ќе биде потребен голем научен напредок, но најверојатно првата трансплантација на човечка глава би можела да се случи во наредните 10 години.