По цели 50 години, песната „My Sweet Lord“ на легендарниот Билс, Џорџ Харисон, го доби своето прво официјално видео. Познати личности, вклучувајќи го и колегата од „Битлси“, Ринго Стар, се здружија за да му оддадат почит на Харисон во првото официјално музичко видео за неговата класика од 1970 година.
Харисон, кој почина во 2001 година, ја издаде песната од албумот „All Things Must Pass“ како негов прв соло-сингл по распадот на „Битлси“ и се најде на топ-листите во светот. Таа го рефлектира истражувањето на Харисон на источните духовни концепти и другите религии.
– Видеото е хумореска, во која актерот од „Војна на ѕвездите“, Марк Хамил, глуми шеф на тајната служба што испраќа двајца специјални агенти – Фред Армисен и Ванеса Баер од „Во сабота навечер во живо“, на метафизичка мисија „да се бара она што не може да се види“ – се наведува во соопштението за печатот на веб-страницата на Харисон.
Во видеото се појавуваат повеќе од 40 музичари, актери и комичари, кои се испраќаат како специјални агенти и други ликови.
– Пристапот беше визуелно да се претстави песната додека овие агенти и инспектори постојано го пропуштаа метафизичкото чудо околу нив – напиша Ленс Бенгс, кој го режираше видеото.