Од Ван Гог до Вермер, Рембрант и Ван Дајк, сите стари мајстори сега се бесплатни на едно место

Омилената туристичка дестинација за посетителите на Амстердам, националниот музеј „Ријксмузеум“, се приспособи на новата ера така што дигитализира 709.000 од своите непроценливи уметнички дела и ги направи достапни бесплатно на својата веб-страница.
Од Ван Гог до Вермер, Рембрант и Ван Дајк, сите стари мајстори се достапни на едно место и во резолуција за преземање за да можете да си ја направите вашата дигитална колекција на омилени автори.
Колекцијата лесно се пребарува или според имињата на уметниците, времето или местото на потекло, па дури и според предметите или лицата што ги прикажува одредено дело.
Се разбира, таквата дигитализација е огромна работа, која систематски се одвива континуирано веќе две децении, па всушност се случи работата да биде завршена додека траеше глобалната пандемија, кога целата култура се пресели на интернет.