Истражувачите веруваат дека ги пронашле остатоците од потонатиот брод „СС Котопакси“, кој во 1925 година исчезнал во Бермудскиот триаголник и, ако таа информација е точна, со години им била пред очи. Бродот беше пронајден крај брегот на Флорида.

Американскиот трговски параброд „СС Котопакси“ одамна е предмет на многу теории на заговор поврзани со Бермудскиот триаголник, а исчезнал на патот кон Куба. Исчезнувањето помогна да се поттикне легендата за Бермудскиот триаголник, злогласниот дел од западниот Северен Атлантик, каде што многу бродови и авиони навидум исчезнуваат на бизарен начин.

– Знаеме дека на тоа патување нешто се случило, затоа што тие испратиле порака дека се во неволја. Тоа беше тогаш. Но никогаш не се пронајдени никакви урнатини. Никогаш не се пронајдени чамците за спасување, телата или што било друго. Долго време се обидувале да утврдат што се случило навистина – изјавил морскиот биолог и подводен истражувач Мајкл Барнет за „Њузвик“.