Дивите мачки се вратија во шумите на југот на Холандија по неколку века, соопштија локалните власти. Ова животно, кое има подолги нозе и порамна глава од домашната мачка, исчезна од холандската територија пред неколку стотини години, како резултатот на ловењето и расчистувањето на шумите, пишува „Гардијан“.
Враќањето на дивата мачка, која е препознатлива по црната прстенеста опашка, е знак дека животните се враќаат во шумите на југот на холандскиот регион Лимбург – изјави биологот Хети Мертенс, која работи за конзервативната еколошка група АРК.
Бројот на дивите мачки се зголемува во јужен Лимбург од 2013 година, откако побегнале од населените места Ајфел во Германија и Арден во Белгија, во потрага по храна и нови територии.
– Популацијата е мала, но се зголемува. Состојбата сѐ уште е ранлива, но сигурни сме дека ќе биде подобро – вели Мертенс.
АРК планира да го пресмета бројот на дивите мачки следната година, а за таа цел планира да намести камери во шумите и да ги насочи кон дрвјата.