Дамијано Давид, лидерот на италијанскиот рок-бенд „Манескин“, е главна тема во медиумите по победата на „Евровизија“.
На интернет се појавија фотографии од неговите помлади денови, кога тој сè уште не бил рокер, туку просечен средношколец. „Стари фотографии на згоден италијански пејач кружат на интернет и никој не може да го идентификува“, пишуваат таблоидите.
Обожавателките беа разочарани кога слушнаа дека пејачот (22) е среќно свршен со инфлуенсерката Џорџо Солери (25). Илјадници обожаватели почнаа да споделуваат фотографии на кои тој воопшто не изгледа како денес.
На фотографиите од средното училиште Дамијано нема тетоважи, долга коса или рокерски имиџ. Пејачот изгледа како просечен средношколец, а токму во средно училиште ги запозна Викторија (21), Томас (20) и Итан (20), со кои го основа бендот „Манескин“ во 2016 година.
Денес целиот бенд има силен моден израз, тие ги рушат родовите предрасуди и со својата мода покажуваат слобода. Момчињата се шминкаат, носат високи потпетици, но, и покрај тоа, одржуваат мажествена енергија. Така и Дамијано стана нов секс-симбол по „Евровизија“, коментираат некои шоубиз-медиуми.