По многубројните исцрпувачки подготовки, најпосле почна снимањето на новиот филм за суперхеројот Бетмен. Тоа го објави сценаристот и режисер Мет Ривс, со што и официјално го означи почетокот на создавањето на новата филмска приказна. Тој на социјалната мрежа Твитер објави и фотографија на кожена режисерска фотелја со називот на филмот и датумот на првиот ден на снимањето.

Во главната улога овој пат ќе го видиме Роберт Патисон, ѕвездата на филмската франшиза „Самрак“, фаталната жена-мачка ќе ја глуми Зое Кравиц, ќерка на рок-пејачот Лени Кравиц, а Колин Фарел ќе биде Пингвин.
Филмот „Бетмен“ ќе пристигне во кината на 25 јуни 2021 година.