Пејачот на „Продиџи“, Кит Флинт денеска почина во својот дом во британската грофовија Есекс. Музичарот имаше 49 години.

Брза помош пристигнала околу осум часот по дојава дека маж се онесвестил, но за жал, не можеле да му помогнат.

Сè уште не е позната причината за смртта, а телото е предадено на обдукција.

Продиџи е една од најпознатите британски и светски групи од областа на електронската музика, а нивни најпознати песни беа „Firestarter“, „Breathe“ и „Smack My B*tch Up”.