Само една недела пред 113. роденден почина најстариот маж во светот, Јапонецот Читетсу Ватанабе. Ватанабе, кој живееше во пензионерски дом во Нигата, е роден на 5 март 1907 година.

Гинисовата книга на рекорди потврди дека Читетсу Ватанабе (112) од централна Јапонија е најстариот маж на светот.

Тој во изјави за локалните медиуми минатата година рече дека тајната за неговата долговечност е дека нема да дозволи ништо да го натера да се налути и да не ја задржи насмевката на лицето.

По дипломирањето на земјоделското училиште, Ватнабе се преселил во Тајван и таму работел во јапонска фабрика за шеќер. За време на Втората светска војна бил во јапонската армија.

Ватанабе по војната се вратил во родната Нигата и работел како државен службеник сè до пензионирањето. Тој има пет деца, 12 внуци, 16 правнуци и еден прапраправнук.