Досега најблискиот жив роднина на Никола Тесла, Вилијам Бил Тербо, почина на возраст од 89 години во неговиот дом во Њу Џерси.

Никола Тесла имал брат Дане и три сестри – Милка, Ангелина и Марица. Тербо е внук од постарата негова сестра Ангелина.

Таа се омажила за свештеникот Никола Трбојевиќ и имале пет деца – три сина и две ќерки. Сите биле високо образовани, а четири од нив биле доктори на науки.

Синот на Ангелина, Никола Трбојевиќ помладиот е татко на Вилијам Бил Тербо. Никола Трбојевиќ помладиот, во САД попознат какo Ник Тербо, работел во автомобилската индустрија, а најпознат е по пронајдокот на кој се базираат менувачите.

Неговиот син Вилијам Бил Тербо е роден на десети април 1930 година во Детроит. Тој по дипломирањето се вработил во вселенската и ракетната индустрија во Лос Анџелес каде работел се до пензионирањето.

Неговата сорпуга Бојана од Србија до крајот на животот го поддржуваше во неговите активности за промовирање на животот и делото на Никола Тесла.