Американскиот актер, филмски режисер, продуцент, писател и комичар Карл Рајнер почина на 98-годишна возраст, во семејниот дом во Беверли Хилс.
Рајнер стана познат во средината на 20 век, по голем број телевизиски комични изданија, а за тоа колку беше успешен, најдобро покажува податокот дека досега е рекордер по бројот на освоени награди „еми“, дури девет, пишува „Си-ен-ен“. Тој е познат и како син на режисерот и актер Роб Рајнер и како сопруг на пејачката и актерка Естел Рајнер, со која беше во брак до нејзината смрт во 2008 година.

Минатата година Рајнер го позајми својот глас во четвртото продолжение на култниот анимиран филм „Приказна за играчките“, со цели 97 години на грб.
На помладата публика ѝ е познат по неговата забележителна улога во криминалистичката трилогија на Стивен Содерберг, филмовите „Единаесеттемина на Оушн“, „Дванаесеттемина на Оушн“ и „Тринаесеттемина на Оушн“.