Познатиот актер Кирк Даглас почина во 103-та година од животот, соопшти неговиот син, актерот Мајкл Даглас. Веста за смртта Даглас помладиот ја потврди за списанието „Пипл“.

– Со огромна тага јас и моите браќа соопштуваме дека Кирк Даглас не напушти. а светот беше легенда, актер од златната ера на филмот, кој и самиот доживеа златни години, хуманитарец чија посветеност кон правдата и принципите во кои веруваше на сите им станаа стандарди кон кои треба да тежнееме – наведе Мајкл Даглас.