Камерманот и режисер Мајкл Чепмен, познат по својата препознатлива работа со камера во „Таксист“ на Мартин Скорсезе, „Разјарениот бик“ и „Последниот валцер“ починал завчера од срцева слабост на 84-годишна возраст, пренесуваат светските медиуми.

Тажната вест на социјалните мрежи ја потврдила неговата сопруга Ејми Холден Џонс, сценаристка и режисерка.

Чепмен во 1980 година беше номиниран за наградата „оскар“ за камерман за филмот „Разјарениот бик“ поради својата силна црно-бела фотографија и за „Бегалец“ во 1993 година.

По снимањето на „Таксист“, бил именуван како „поет на тротоарите“, а со кој работел му дал прекар „Чапи“.

Чепмен се повлекол од работата на филмовите по снимањето на „Мостот кон Терабитија“ и предавал за филм во Училиштето за уметност на Северна Каролина.