Музичарот Џек Шерман, кој се стекна со слава како гитарист на групата „Ред хот чили пеперс“ (Red Hot Chili Peppers), почина денеска на 67-годишна возраст.

Причината за смртта на гитаристот засега е непозната. Поранешни колеги од групата по неговата смрт изјавија дека тој бил единствен.

– Му благодариме за времето што го помина со нас – доброто, лошото и она помеѓу нив – напишаа членовите на познатата група.