Гери Марсден, пејачот на британскиот бенд „Гери и пејсмејкерс“ чија песна „You’ll Never Walk Alone“ („Ни­ко­гаш не­ма да че­ко­риш сам“) стана химна на фудбалскиот клуб Ливерпул, почина на 78-годишна возраст. Неговото семејство соопшти дека тој починал во неделата по кратко боледување.

Песната „You’ll never walk alone“ најмногу ја прославија навивачите на фудбалскиот клуб Ливерпул, кои ја сметаат како нивна химна. Оваа песна секогаш се слуша на стадионот „Eнфилд“ пред почетокот на натпреварите.

Не­мав прет­ста­ва, ни­ту по­мис­лу­вав де­ка таа пес­на ќе ста­не тол­ку по­пу­лар­на и оти еден ден ќе ста­не хим­на на на­ви­ва­чи­те на Ли­вер­пул и ќе се пее на три­би­ни­те на ста­ди­о­нот „Ен­филд“, из­ја­ви во ед­на при­го­да Ге­ри Марс­ден, пе­ја­чот на гру­па­та „Пејс­меј­керс“, за хи­тот од 60-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, „You’ll Never Walk Alone“.

Со де­це­нии пред се­кој фуд­бал­ски меч до­ма на Ли­вер­пул од звуч­ни­ци­те се слу­ша гла­сот на Марс­ден, при­дру­жу­ван од де­се­ти­ци ил­ја­ди на­ви­ва­чи на „цр­ве­ни­те“, а пес­на­та ста­на за­шти­тен знак на клу­бот. По­доц­на пес­на­та ка­ко сво­ја хим­на ја при­фа­ти­ја и на­ви­ва­чи на дру­ги клу­бо­ви. Пес­на­та ја ис­пе­а­ле и мно­гу врв­ни му­зич­ки ими­ња, ка­ко Френк Си­на­тра, Ел­вис Прис­ли, Рој Ор­би­сон, Џо­ни Кеш, Аре­та Френк­лин, Пинк Флојд, Квин итн.

Ге­ри со бра­тот Фред и при­ја­те­ли­те, во 1959 го­ди­на ги фор­ми­ра „Пејс­меј­керс“, во пер­и­одот ко­га Ли­вер­пул е свет­ска му­зич­ка пре­стол­ни­на. Тие ра­бо­тат во исто вре­ме и сви­рат во исти клу­бо­ви со слав­ни­те „Битл­си“, со кои има­ат и ист ме­на­џер. Во 1963 го­ди­на ја пре­ра­бо­ти­ја пес­на­та „You’ll Never Walk Alone“, ко­ја би­ла дел од мју­зик­лот „Ка­ру­сел“ во 1945-та. Пре­ра­бо­тка­та би­ла ме­ѓу пр­ви­те 10 на топ-ли­ста­та пред нат­пре­ва­рот со ВБА, на 19 октом­ври 1963 го­ди­на. Прет­по­ста­вка­та е де­ка то­гаш на­ви­ва­чи­те на „Ен­филд“ прв­пат ја пе­е­ле пес­на­та, ко­ја по­тоа че­ти­ри не­де­ли би­ла број 1 и 10 не­де­ли ме­ѓу пр­ви­те 10.

Но и отка­ко ја сне­ма­ло од хит-ли­ста­та, на­ви­ва­чи­те про­дол­жи­ле да ја пе­ат пред натпрева­рите, во 1965 го­ди­на ја пе­е­ле на ста­ди­о­нот „Вемб­ли“, на фи­на­ле­то од ФА-купот, ко­га ТВ-ко­мен­та­то­рот Ке­нет Вол­стен­холм тоа го опи­шал ка­ко „зву­ци со пот­пис на Ли­вер­пул“. Сѐ на­та­му е исто­ри­ја, во ко­ја не­и­зо­ста­вен дел се „You’ll Never Walk Alone“, Ли­вер­пул, Марс­ден и „Пејс­меј­керс“. Фудбалскиот клуб Ливерпул на социјалните мрежи објави дека зборовите на Марсден „ќе живеат засекогаш со нас“.

Сер Пол Макартни ги опиша „Гери и пејсмејкерс“ како „најголемите ривали на Битлси“. „Секогаш ќе те паметам со насмевка“, напишал Сер Пол во својата порака до семејството на Марсден. Сер Ринго Стар од Битлси, исто така напишал „мир и љубов“ на Твитер, упатувајќи сочувство до семејството на Марсден.