Раси Тејлор, актерката која со децении го позајмуваше нејзиниот глас на Мини Маус, почина на 75 години во Калифорнија, потврди компанијата „Волт Дизни“.

– Мини Маус го изгуби својот глас поради смртта на Раси Тејлор. Повеќе од 30 години, Мини и Раси работеа заедно за да забавуваат милиони луѓе низ светот. Тоа беше партнерство кое Мини ја направи глобална икона, а Раси сакана – рече претседателот на компанијата „Дизни“, Боб Игер.