Нов кандидат за легендарната библиска арка е пронајден во Иран откако скаменети дрвени греди беа откриени на врвот на Сулејмановата планина во Иран.

Истражувачи од Институтот за библиска археологија тврдат дека имаат цврсти докази кои даваат надеж дека бродот е на планината Тахт-е-Сулејман.

Најдени се фрагменти кои биле земени за анализа, од кои е откриено дека станува збор за скаменето дрво. Дополнително се пронајдени траги од микроскопски морски организми, кои обично се на дното на морињата.

– Според нашето мислење, ова е еден потенцијален кандидат – велат од Бејс институтот.

Ноевата арка е една од најголемите светски библиски мистерии, а научниците упорно се обидуваат да најдат финален доказ дали библискиот потоп воопшто се случил.

Во Катедралата Херефорд во Англија овој септември беше откриена Мапата Мунди, мапа со 500 цртежи од мастило која е стара 700 години, на која е посочена Ноевата арка заедно со уште многу други локации од клучни библиски случувања. Според историчарите, мапата е едно од највредните преживеани ремек дела од Средниот век.