Семејство од Велс било пријатно изненадено откако дознало дека нивниот починат сосед Кен, постхумно оставил голем број подароци за нивната двегодишна ќерка Кади Вилијамс, пренесува „Њујорк пост“. Ќерката на починатиот Кен го посетила семејството и празнично ги изненадила, а гестот ги трогнал до солзи.

– Таа ја носеше големата вреќа и прво мислев дека се работи за отпад кој таа ќе ме замоли да го фрлам, но испадна дека тоа се сите подароци што нејзиниот татко ги купил за Кади. Тешко е да се опише ваквиот настан, бидејќи беше навистина неочекуван. Не знаеме колку време Кен ги собирал подароците и дали тој ги купил непосредно пред да почине – вели Овен, таткото на девојчето.

Подароците од Кен вклучуваат играчки и книги, а родителите на Кади размислуваат да започнат традиција во која ќе и даваат по еден божиќен подарок од Кен во наредните 14 години.