Замислете енергија од осум сонца испуштени во ист момент. Таков е гравитацискиот шок-бран, кој се прошири од сударот на две црни дупки. Сигналот од тоа вселенско случување патувал седум милијарди години за да стигне до Земјата, меѓутоа бил доволно силен за изминатава година да ги активира ласерските детектори во САД и во Италија.

Научниците велат дека сударот на двете црни супки произвел едно тело со маса 142 пати поголема од нашето Сонце, пишува Би-би-си.

Науката веќе долго време знае за постоењето на помали и поголеми црни дупки. Од оваа опсервација се дошло до сознание дека се работи за црна дупка од средна големина, која има маса од 100 до 1.000 наши сонца.

Анализата е резултат од соработката на меѓународните „Лиго“ и „Вирго“, кои управуваат со системите за откривање на гравитациони бранови во Америка и Европа.

Европската опсерваторија „Вирго“, сместена во Италија

Ласерските интерферометриски инструменти „ги слушаат“ вибрациите во просторот и времето, а од 21 мај, 2019 година, доминирал силниот сигнал, кој траел десетина секунди. Компјутерските алгоритми пресметале дека изворот е судирот на две црни дупки, едната со маса 66 пати поголема од нашето Сонце, а другата 85 пати поголема. Оддалеченоста на овој удар е проценета на 150 милијарди километри.

Колизијата на два вселенски објекта, големи колку 85 наши сонца, ги наведе научниците да размислуваат, затоа што нивната теорија за настанокот на црните дупки, дека настануваат од ѕвезда што згаснува, не може да бидат целосно основани после случување од овие размери.

Ѕвездите откако ќе го исцрпат своето нуклеарно гориво, ако се доволно големи, ќе се создаде црна дупка. Меѓутоа, законот на физиката сугерира дека настанувањето на црните дупки со маса од 65 до 120 пати поголеми од нашето Сонце е невозможна. Ѕвездата што умира, сама би се распаднала и од неа не би останало ништо.